Македонија утринава ја погоди страшна трагедија. Во катастрофален пожар кој избувна во ноќен клуб во Кочани, животот го загубија десетици лица, а повеќе млади се борат за својот живот во болнички установи.
Како резултат на оваа незапамтена несреќа, сите спортски настани предвидени за денешниот ден се официјално откажани.
„Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство“, соопштија од РФМ.
Leave a Reply