ЕХФ: Дали Еурофарм Пелистер ги има најдобрите навивачи во Лигата на шампионите?

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер сезоната во Лигата на шампионите ја заврши со осум освоени бодови и тоа беше најуспешна сезона во европска елита за битолскиот состав.

Сепак, тоа не беше доволно тимот да обезбеди пласман во следната фаза.

Но, публиката во Битола беше на највисоко ниво во секој натпревар на домашен терен, а доказ е и денешната објава на ЕХФ.

Имено, салата „Боро Чурлевски“ во секој натпревар на Пелистер во просек била исполнета 99.3% и тоа е најмногу помеѓу сите учесници во Лигата на шампионите.

Поради тоа ЕХФ и со право прашува дали публиката во Битола е најдобрата во ракометната елита.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *