Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер во летниот преоден рок сака да ја промени средината со цел да добие поголема минутажа.
Конкуренцијата е огромна во редовите на „кралевите“, па младиот турски репрезентативец планира да замине на позајмица. Милан е најзаинтересиран да го доведе Ѓулер во своите редови и италијанскиот клуб може да ја искористи добитната формула како во случајот со Брахим Дијаз.
Интерес за Ѓулер покажува и Интер, па се очекува на лето двата милански гиганти да се борат за неговиот потпис.
Leave a Reply