Леао почнува преговори со Барселона и Челзи

Рафаел Леао на крајот на сезоната може да го напушти Милан, а инетрес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието, а насилен интерес за него покажуваат Барселона и Челзи.

Каталонците и минатото лето се обидоа да го купат Португалецот откако пропадна трансферот на Нико Вилијамс, но Милан не сакаше да слушне за продажба.

Медиумите сега тврдат дека Леао преферира преселба во Барселона за разлика од Премиер лигата.

Неговиот менаџер наскоро ќе има средба со Барселона и Челзи, кои се силно заинтересирани за Португалецот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *