Германска компанија влегува во Тиквеш, клубот добива финансиска инјекција од милион евра!

Екипата на Тиквеш во наредните недели би требало да ја финализира новата сопственичка структура.

На Општина Кавадарци ќе и помага германски инвеститор кој засега не се именува.

Информацијата ја потврди градоначаланикот на градот, Митко Јанчев.

„Ќе разговараме на вонредна седница за германски инвеститор да пушти еден милион евра во ГФК Тиквеш на крајот на март. Со тие средства треба да се покрие работата во оваа и наредната сезона. На тој начин ние како град ќе добиеме помош, а ќе останеме и со 50% акционери. Притоа ќе имаме контрола во клубот. Дај Боже да се случи тоа и во ракомет и кошарка, да дојдат инвеститори и да помогнат“, изјави градоначалникот Јанчев.

На табелата во ПМФЛ, Тиквеш во оовој момент е десетти со 18 бода и до крајот на сезоната ќе води борба за опстанок.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *