Ливерпул работи на голем трансфер

Ѕвездата на Борнмут, Милош Керкез, е најголемата трансфер желба на Ливерпул.

Керкез оваа сезона се докажа како еден од врвните бекови во Премиер лигата, при што неговата вредност значително се зголеми.

Ливерпул сака да го “украде” Керкез од конкуренцијата. Веќе воспоставиле контакт со неговиот агент и се подготвени да платат 50 милиони фунти за трансферот.

Поради слабата форма на Енди Робертсон, кој трпи критики, Ливерпул го гледа овој трансфер како приоритет.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *