Борусија со пресврт до четвртфинале

Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако славеше на гости против Лил во Франција со 1-2. 

Натпреварот во Германија заврши нерешено 1-1, па Лил беше благ фаворит во денешната пресметка и рано дојде до водство.

Со гол на Давид уште во петтата минута поведоа со 1-0, со тој резултат заврши првото полувреме. Во 54. минута Емре Џан даде гол од пенал и израмни на 1-1.

 Максимилијан Бајер се погрижи за пресврт со голот во 65-та минута и за пласман во четвртфиналето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *