Ливерпул ја најде замената за Дарвин

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажува Ливерпул.

Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.

Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, а сега и Ливерпул се вклучи во трката.

„Црвените“ се спремни да го продадат Дарвин Нуњез, а како негова замена сакаат да го доведат токму Дејвид.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *