Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски на крајот на оваа сезона ќе го напушти бундеслигашот Вецлар.
Раководството на германскиот клуб одлучи да на ја продолжи соработката со Миркуловски и на негово место ќе ангажира нов тренер асистенц.
Вецлар се договори со Момир Илиќ кој ќе пристигне како нов тренер и тој ќе донесе свој асистент.
„Благодарни сме на Филип од дното на срцето за неговата посветеност, направи многу за клубот“, изјави директорот Јасмин Чамџиќ за медиумите во Германија.
Leave a Reply