Фудбалер на Атлетико го чека голема суспензија зашто навредил судија!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа беше исклучен на натпреварот против Гетафе по остар старт во 86. минута за кој првенствено доби жолт картон, но по интервенција на ВАР му беше покажан црвен.

Кореа како што пренесуваат медиумите не го штедел главниот судија и ја навредил неговата мајка. Поради таквото однесување сега му се заканува суспензија и до 12 натпревари.

Аргентинецот подоцна јавно се извини преку социјалните мрежи, но и покрај тоа му се заканува жестока казна.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *