Германските медиуми денеска открија дека Хари Кејн има неверојатна клаузула во својот договор со екипата на Бајерн Минхен.
Имено, според таа клаузула напаѓачот од Англија може да се врати во својата татковина по многу пониска цена, а наводно веќе преговара со еден клуб.
Како што тврдат новинарите на „Билд“ постои клаузула во договорот на Хари Кејн по која наскоро би можел да се врати во Англија.
Клубовите од Премиер лигата на лето можат да го вратат Хари Кејн за 67 милиони фунти, сума која се спремни да ја платат неколку клубови.
Leave a Reply