Ден како денешниот во Бундеслигата немало долго време!

by

in

Германската Бундеслига подолго време не памети лош ден за фаворитите како денениот во кој порази претрпеа Баерн Минхе, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд и тоа сите на домашен терен.

Баерн Минхен претрпе пораз од Бохум кој се бори за опстанок и тоа откако на полувремето водеше со 2:0. Покрај двата постигнати гола кои беа дело на Гереиро, Гнабри и промаши пенал.

Бохум намали со голот на Медиќ во 31. минута, а во 43. минута домаќините останаа со играч помалку откако исклучен беше Палиња. Во вториот дел Бохум победата ја обезбеди со погодоците на Медиќ и Сисоко.

Борусија загуби од Аугусбург со 0:1, додека Баер Леверкузен запиша неуспех против Вердер со 0:2).

Преостанатите две средби помеѓу Кил – Штутгарт (2:2) и Волфсбург – Сент Паули (1:1) завршија без победник.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *