Жестока казна за бруталниот старт

by

in

Фудбалската Асоцијација жестоко го казни голманот на Милвол, Лијам Робертс, за стартот кога со нога во главата го нокаутираше Жан Филип Матета во мечот против Кристал Палас.

Со високо крената нога, Робертс буквално го нокаутираше напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филипе Мате. Првично главниот судија воопшто не досуди ни фаул за Кристал Палас, а дури по реакција од ВАР собата, беше потврдено дека се работи за брутален фаул.

Голманот Робертс доби директен црвен картон, а повредениот Жан-Филипе додека беше изнесуван на носилки, можеше да се забележи и крв.

Дисциплинската комисија го казни голманот Роберт со три меча суспензија, а сега таа одлука е поништена и суспензијата е зголемена на шест средби неиграње.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *