Позната најголемата желба на Арсенал

by

in

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс минатото лето на големо се поврзуваше со заминување од редовите на клубот од Баскија, но на крајот избра да остане.

Најблиску до неговиот потпис беше Барселона, меѓутоа каталонците не успеаа да го доведат.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Арсенал, кој е спремен да го „украде“ пред носот на Барселона.

Артета сака да го засили нападот следното лето и верува дека Вилијамс идеално ќе се вклупи во неговиот стил на игра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *