Интер со една нога во четвртфинале

by

in

Фудбалерите на Интер се блиску до четвртфиналето во Лигата на шампионите после победата над Феенорд во Ротердам.

Интер го отвори резултатот во 38. минута кога Маркус Турам погоди за водство од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез реализираше за предност на Интер и од 2-0.

Аргентинецот Лаутаро Мартинез со својот 18-ти гол во ЛШ се изедначи со Адријано на првото место на вечната листа на стрелци кај Интер во елитното европско натпреварување,

Победата на Интер можеше да биде поубедлива, но Зиелински не реализираше пенал.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *