Реал Мадрид извојува важна победа во градското дерби против Атлетико Мадрид, триумфирајќи со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.
Главниот херој на „кралевите“ беше Брахим Дијаз, кој го постигна победничкиот гол и донесе значајна предност за својот тим во пресрет на реваншот. Младиот офанзивец не само што се прослави со погодокот, туку и привлече внимание со својата реакција по мечот, кога му се обрати на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
„Зборуваше вчера, ајде кажи нешто и сега!“, извика Дијаз кон аргентинскиот стратег, очигледно алудирајќи на изјавите кои Симеоне ги даде во пресрет на натпреварот.
Brahim to Simeone after he scored: “Talk now! Talk now! You talked yesterday, talk now” 😂 pic.twitter.com/YbHhmIvjzh
— Dr Yash (@YashRMFC) March 4, 2025
Leave a Reply