Реал ја доби првата рунда, Арсенал без милост

by

in

Реал оствари минимална предност против Атлетико во првиот меч (2:1), Арсенал му даде 7 гола на ПСВ.

Реал поведе рано, уште во четвртата минута, кога Федерико Валверде мајсторски го проигра Родриго, а Бразилецот со прецизен удар го совлада Јан Облак.

Атлетико се врати со феноманелниот гол на Алварез во 32 минута, а кончените 2:1 ги постави Брахим Дијаз.

Топчиите си ја завршија работата уште во првиот меч и тоа на гостински терен. Серијата погодоци ја отвори Тимбер во 18. минута, три минути подоцна Нванери даде гол за 2-0, а во 31. минута Мерино погоди за 3-0.

Ланг беше сигурен од белата точка и намали на 1-3, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Арсенал постигна четири гола за недостижни 1:7.

Борусија Дортмунд и Лил одиграа без победник 1:1


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *