Манчестер Сити покажува силен интерес за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, според информациите од британските медиуми.
Францускиот фудбалер импресионира со своите игри и се потврди како еден од највпечатливите леви бекови во Европа, па е голема желба на Пеп Гвардиола.
Тео има договор со „росонерите“ кој истекува во 2026 година, но тој сè уште нема потпишано продолжување на соработката.
Милан е подготвен да преговара за продажба на Тео за 50 милиони евра, бидејќи следното лето ќе влезе во последната година од договорот.
Италијанските медиуми откриваат дека Французнот веќе одлучил кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити.
Leave a Reply