Германскиот играч за врска на Баерн Минхен Џошуа Кимих би можел кариерата да ја продолжи во Серија, каде силен интерес покажува Интер.
29-годишниот фудбалер, чиј договор со германскиот гигант истекува во летото 2025 година, се уште нема постигнато договор со Баерн Минхен.
Кимих се уште нема донесено одлука за својата иднина и допрва ќе размислува дали ќе замине како слободен трансфер на лето или ќе потпише нов договор со Баварците во наредните месеци.
За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, а сега во трката се вклучи и Интер.

Leave a Reply