Нов кикс на Реал Мадрид

by

in

Реал Мадрид со 2-1 загуби на гостувањето кај Бетис и може да падне и на третата позиција по ова коло.

Реал на „Бенито Виљамарин“ одигра добро само во првите 20 минути и рано дојде до водство со голот на Брахим Дијаз.

Бетис заигра многу подобро кон крајот на првото полувреме и по еден корнер, одбраната на Реал беше лошо поставена, Кардосо остана сам пред Куртоа и го матираше.

Брзо во второто полувреме беше досуден пенал за Бетис кој го реализираше Иско за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1, што беше и конечен резултат.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *