Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми поради повреди на играчи, па приоритетот е зајакнување на одбраната.

Шпанските медиуми известуваат дека Реал Мадрид го избра стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба, како примарна трансфер мета за наредното лето.

Салиба веќе две години блеска во дресот на Арсенал и важи за еден од водечките дефанзивци во Премиер лигата.

И покрај тоа што Французинот неодамна обновил договор до 2027 година, Флорентино Перез е подготвен да вложи средства за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *