Манчестер Сити, дојде до тешка победа на гостувањето кај Тотенхем, а Јунајтед едвај го победи Ипсвич на домашен терен.
Мечот на Олд Трафорд започна ужасно за Манчестер јунајтед, Ипсвич поведе во четвртата минута со гол на Филоген.
Јунајтед израмни во 22-рата минута со автоголот на Морси, а само четири минути подоцна погоди и Де Лихт за водство од 2-1.
Ипсвич пред крајот на првото полувреме повторно даде гол овојпат за 2-2, а Мегваер му донесе победа на домаќините.
„Граѓаните“ победија со 0-1, а стрелец на единствениот гол во Северен Лондон беше Ерлинг Халанд уште во 12-тата минута.
Leave a Reply