Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

Дербито во Турција помеѓу Галатасарај и Фенербахче кое се одигра вчера беше без поголеми возбудувања 0:0, но затоа предизвика реакции надвор од теренот.

По натпреварот домаќинот Галатасарај го обвини 62-годишниот португалски тренер за „упорно давање навредливи коментари за турскиот народ“.

Причина за обвинувањата од ривалот беше неговата изјава во која ги критикуваше луѓето на клупата велејќи дека „скокаат како мајмуни“ за секоја судиска одлука.

Денеска реагираше и Фенербахче, кој очекувано застана во одбрана на Мурињо.

„Коментарот на Мурињо е изваден од контекст, ова е класична клевета која сака да предизвика дополнителен анимозитет меѓу двата клуба надвор од теренот.Мурињо опиша како се однесувала противничката клупа и го употреби зборот мајмуни. Кога некој ќе ви каже дека трчате како зајак, тоа не значи дека вие сте зајак. Јасно е дека нема никаков расизам во изјавата на тренерот“, велат од Фенербахче.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *