На Манчестер јунајтед му е потребна реорганизација на многу нивоа, вклучувајќи го и тимот. Рубен Аморим сака да го вклучи својот поранешен играч на Спортинг во неговиот тим.
Манчестер јунајтед го насочил погледот кон Џовани Кванда, крилниот напаѓач на португалскиот тим како засилување кое го посакуваат во летниот трансфер период. Добра работа е што Рубен Аморим веќе ги знае квалитетите на младиот крилен напаѓач.
Кванда оваа сезона одигра 40 меча за Спортинг и е еден од најдобрите поединци, притоа тој е најмладиот стрелец во историјата на клубот.
Проценетата вредност на Кванда е 30 милиони евра, а има само 17 години.
Leave a Reply