Суперкомпјутер предвиде разочарувачки вести за фановите Манчестер Јунајтед

Суперкомпјутер ја предвиде табелата на крајот на сезоната 2024/25 во Премиерлигата, а доколку се остварат предвидувањата фановите на Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе бидат разочарани.

Шампион секако би бил Ливерпул кој има моментално 11 бода предност, а второпласиран се очекува да остане Арсенал. Трет е предвиден Манчестер Сити, додека изненадувачки на четвртото место е Борнмут.

На европските места се Челзи и Нотингем Форест, а под цртата е Њукасл.

Големо разочарување ќе доживеат и навивачите на Манчестер Јунајтед со оглед на тоа што доколку се остварат предвидувањата ќе завршат на 16-то место на табелата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *