Приортет на Реал Мадрид следното лето ќе биде доведување на врвен дефанзивец поради големите проблеми со одбраната.
Милитао и Алаба последните две сезони имаат проблем со повреди, па Реал сака да донесе големо засилување во одбраната.
Најното име на списокот на „кралевите“ е Вирџил ван Дајк, кој се уште нема ставено потпис на нов договор со Ливерпул.
Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува следното лето, што отвора можност за негово заминување од „Енфилд“ како слободен агент.
Реал веќе почнал да работи на трансферот и сака да донесе врвен дефанзивец без обештетување.
Leave a Reply