Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин колабираше за време на натпреварот против Верона.
Напаѓачот на Фиорентина беше оттурнат од стоперот Копола во еден дуел, а при падот силно налета на коленото на Давидович.
Кин претрпе повреда и имаше крвава рана, но по укажаната лекарска помош доби дозвола да се врати на теренот. Сепак, само неколку моменти подоцна, тој ја загуби рамнотежата и се сруши на тревникот.
Фиорентина соопшти дека фудбалерот имал трауматска повреда на мозокот, но е во стабилна состојба.
Leave a Reply