Легендарниот холандски фудбалер Робин Ван Перси го прифати предизвикот да го води тимот на Феенорд.
За Ван Перси ова ќе биде враќање дома, затоа што тој како тинејџер, од 13-тата година дојде во школата на Феенорд, а токму таму ја започна и тренерската кариера.
„Навивачите и сите блиски до клубот знаат каква е мојата врска со Феенорд. Многу се радувам што ќе работам со оваа посебна група фудбалери и се надевам дека ќе имаме успех“, изјави Ван Перси.
Leave a Reply