Одличниот голгетер ја избра Барселона

Џонатан Дејвид, напаѓачот на Лил, ќе биде еден од најбараните фудбалери следното лето, со сериозно интересирање од Барселона.

Веќе неколку години Дејвид настапува на високо ниво и има желба да ја промени средината. Влегува во последната година од својот договор.

Најавено е дека нема да го продолжи својот договор и оваа сезона му е последната во Лил, што го прави слободен агент следното лето.

Европските гиганти сакаат да ја искористат оваа ситуација, со Барселона како фаворит за неговиот потпис.

Дејвид веќе се одлучи за Барселона и е во напредни преговори со овој каталонски клуб.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *