Меси се уште блеска како порано

Екипата на Интер Мајами со реми против Њујорк сити (2-2) на домашен терен ја отвори новата сезона во МЛС лигата.

Домаќините од Мајами започнаа одлично и поведоа уште во петтата минута со гол на Томас Авилес. Сепак, истиот фудбалер набрзо стана трагичар, откако во 23. минута заработи директен црвен картон.

Со играч повеќе, Њујорк Сити направи целосен пресврт. Гостите израмнија уште пред полувремето со гол на Митја Иленич во 26. минута, а во 55. минута Алонсо Мартинез погоди за водство од 1-2.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *