Лина Ѓорческа скокна на најновата ВТА листа!

by

in

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи мал напредок на најновото рангирање на ВТА, откако се искачи за една позиција и сега се наоѓа на 199. место со вкупно 364 освоени поени.

На самиот врв нема никакви промени, лидерската позиција и натаму ја држи Арина Сабаленка со 11.025 поени, пред Елена Рибакина која има 8.108. Третото место ѝ припаѓа на Коко Гауф со 7.278 поени.

И четвртата и петтата позиција остануваат непроменети, каде се Ига Швјонтек и Џесика Пегула.

Исто така објавена е и најновата АТП листа, на која водечката позиција ја задржува Карлос Алкараз, а во топ пет се наоѓаат и Јаник Синер, Александер Зверев, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *