Македонскиот шампион Пелистер ја задржува стабилноста во ростерот, откако клубот постигна договор за продолжување на соработката со искусниот репрезентативец Жарко Пешевски. Кружниот напаѓач и на свои 35 години ќе остане дел од битолскиот состав и во наредната сезона.
Со новиот договор, Пешевски ќе продолжи да има значајна улога во тимот, носејќи искуство и сигурност во играта на „зелено-белите“. Неговото пристигнување во Битола се поклопи со еден од најуспешните периоди на клубот, во кој Пелистер освои повеќе домашни трофеи и се наметна како редовен учесник во европските натпреварувања.
Во текот на својата кариера, Пешевски градел интернационално искуство настапувајќи за Металург, украински Мотор Запорожје и германски Штутгарт, што дополнително ја потврдува неговата вредност за актуелниот шампион.

Leave a Reply