Скандал: Уапсен претседател на македонски фудбалски клуб – шверцувал злато од 300.000 евра?!

Турските медиуми деновиве пренесуваат за сериозен скандал во кој, според нивните информации, е вмешан претседател на клуб од Првата македонска фудбалска лига.

Како што објавуваат „Адана Масаси“ и уште неколку медиуми, лицето со иницијали Б.Х. било приведено од турската полиција на 24 март, на патниот правец меѓу Батман и Сиирт.

При претрес на возилото, органите на редот пронашле злато со вкупна тежина од 2 килограми и 581 грам, чија вредност се проценува на околу 300.000 евра.

Против осомничениот веќе се покренати соодветни судски постапки, додека надлежните институции продолжуваат со истрагата за целиот случај.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *