На денешен ден пред четири години, македонската фудбалска репрезентација испиша историја со една од најголемите победи – триумфот од 1-0 над Италија во полуфиналето од баражот за СП 2022.
Херој на таа вечер беше Александар Трајковски, кој со прецизен удар од дистанца во самата завршница ги замолкна „аѕурите“ и донесе сензација што долго ќе се памети. Сепак, во финалниот натпревар, Македонија не успеа да го направи и последниот чекор, откако беше поразена од Португалија.

Leave a Reply