Димитриевски со фантастична одбрана ја натера цела Шпанија да му се поклони (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за големата победа на Валенсија на гостувањето кај Севилја од 2-0, откако успеа да ја сочува својата мрежа.

Иако резултатот делува убедливо, натпреварот можеше да тргне во поинаква насока доколку Димитриевски не блеснеше со неколку клучни интервенции. Посебно се издвојува одбраната по силниот удар на Менди од далечина, кога со одлична реакција спречи сигурен погодок.

Неговата партија не остана незабележана ниту од Ла Лига, која ја сподели одбраната на своите социјални мрежи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *