Манчестер јунајтед ќе направи сè за да го задржи Бруно Фернандеш

Раководството на Манчестер јунајтед испратило јасна порака до својот капитен Бруно Фернандеш – клубот ќе направи сè за тој да остане дел од тимот и во наредната сезона.

Според најновите информации од Англија, челниците веќе ја разгледуваат можноста за нов договор, со подобрени услови, со цел да го убедат Португалецот да ја продолжи својата приказна на „Олд Трафорд“.

Фернандеш, кој веќе неколку сезони е еден од најстандардните и најпродуктивни играчи на тимот, има огромно влијание врз резултатите и играта на „црвените ѓаволи“. Неговото останување се смета за клучно во обидите на клубот повторно да биде конкурентен на највисоко ниво.

Во следниот период се очекуваат поинтензивни разговори меѓу двете страни, по што ќе стане појасно дали ќе дојде до нов договор и продолжување на соработката.