Проблемите на Данците потврдени: Објавен списокот на фудбалери за мундијалскиот бараж со Македонија (Фото)

Данската репрезентација го дефинираше составот за претстојниот бараж дуел против Македонија, откако селекторот Брајан Ример го скрати списокот на 25 фудбалери за полуфиналната пресметка на патот кон Светското првенство.

Скандинавците во натпреварот влегуваат со јасна цел – победа која ќе ги доближи до настап на Мундијалот, но и со значителен притисок од домашната јавност. Сепак, Ример ќе мора да се справи со неколку кадровски проблеми, бидејќи поради повреди надвор од комбинација се Каспер Шмајхел, Патрик Доргу и Андреас Кристенсен.

Дополнителен хендикеп за Данците е и отсуството на Јоаким Андерсен, кој поради жолти картони нема да може да настапи против Македонија, иако е вклучен во списокот.

И покрај проблемите, главната улога во тимот повторно се очекува да ја има Кристијан Ериксен како лидер на средниот ред, додека во офанзивата најголема закана треба да биде Расмус Хојлунд.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *