Данците во големи проблеми пред натпреварот со Македонија, селекторот се пожали!

Данската фудбалска репрезентација се соочува со сериозни кадровски проблеми пред мундијалскиот бараж против Фудбалска репрезентација на Македонија, објавуваат скандинавските медиуми. Селекторот Брајан Ример ќе мора да прави значајни корекции во составот, најмногу поради повредата на првиот голман Каспер Шмајхел.

Искусниот чувар на мрежата веќе околу еден месец не брани за Селтик, а здравствените проблеми ќе го оддалечат и од настап во мартовскиот бараж. Неговото отсуство дополнително ја усложнува ситуацијата во данскиот табор.

Проблемите за Данска не завршуваат само со голманската позиција. Големи промени ќе има и во одбранбената линија. На последниот квалификациски дуел против Фудбалска репрезентација на Шкотска, Данците настапија со Шмајхел на голот, а во одбраната беа Расмус Нилсен Кристенсен, Јоаким Андерсен, Андреас Кристенсен и Патрик Доргу.

Сепак, дел од нив нема да му бидат на располагање на селекторот. Доргу и Кристенсен се надвор од терените подолг период поради повреди во своите клубови, додека Андерсен и Нилсен Кристенсен ќе го пропуштат натпреварот на 26 март поради суспензии.

„Ќе мора да направиме одредени промени. Искрено, не паметам кога репрезентацијата се нашла во ваква ситуација – со нов голман и речиси целосно изменета одбрана. Тоа сигурно може да се одрази врз нашата игра, но верувам дека ќе најдеме решение и ќе одговориме на предизвикот“, изјави селекторот Ример.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *