Вардар со гол од пенал во 97. минута ја урна храбрата Брера (Видео)

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајот победата ја однесоа домаќините со 1-0.

Играа струмичани цврсто и не му дозволуваа на фаворитот да создава сериозни прилики за гол, па се играше најмногу на средината од теренот. Таква беше сликата речиси 90 минути, а клучниот момент се случи во самата завршница.

Вардар во последните моменти од средбата доби пенал по игра со рака на гостински фудбалер и најстрогата казна во гол во 97-ма минута ја претвори Закариќ.

Со овој триумф Вардар доаѓа до 58 бода на врвот на табелата, Шкендија со натпревар помалку има 52


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *