Ќе „гори“ Битола за најголемото македонско дерби – цела сала е распродадена!

Салата во Битола ќе биде исполнета до последно место за дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое е закажано за недела со почеток во 19:00 часот.

Од битолскиот клуб информираа дека сите билети за натпреварот се веќе распродадени, што значи дека трибините ќе бидат целосно исполнети и дека навивачите ќе создадат вистинска дерби атмосфера.

Овој натпревар може да има и големо значење во битката за шампионската титула, па се очекува жестока пресметка на теренот пред преполната сала.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *