Македонската фудбалска надеж Меланија Грозданова продолжува да го привлекува вниманието на европската јавност, а според новинарот Руд Галети има нов развој во приказната околу можниот трансфер во Јувентус.
Младата фудбалерка неодамна престојувала една недела во Торино, каде што имала можност одблизу да се запознае со условите во клубот, како и со стручниот штаб. Според Галети, посетата поминала во одлична атмосфера, што дополнително ги зголемува шансите италијанскиот гигант и македонската талентирана фудбалерка во иднина да ја продолжат соработката.
Грозданова веќе остави белег и во дресот на сениорската репрезентација на Македонија. Во натпреварот против Андора одигран во Битола, таа на само 17 години и 70 дена го постигна својот прв гол за националниот тим.
Во моментов, Грозданова настапува за ЖФК Љуботен, каде што важи за една од клучните фудбалерки во составот.

Leave a Reply