Maкедонија ќе игра против Австрија, Лазаров го објави списокот

Македонската ракометна репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Австрија на 21 март во Брегенц, во рамките на ЕХФ-неделата, а селекторот Кире Лазаров го објави списокот на повикани ракометари.

За овој собир во националниот тим се враќа, Милан Лазаревски од Вардар, кој ќе се приклучи на репрезентацијата по извесен период кој беше отсутен поради повреда. Од друга страна, за контролниот натпревар нема да патуваат Никола Митревски, Жарко Пешевски и Мартин Серафимов.

Натпреварот е закажан за 21 март од 18:00 часот во арената „Риден Ворклостер“ во Брегенц, Австрија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *