Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас зад себе има одличен викенд во италијанската Серија А, по натпреварот против Торино во кој постигна гол се најде и во идеалниот тим.
„Македонскиот дијамант“ одигра клучна улога во победата, а покрај голот констатно беше закана за противничката одбрана, па таквиот настап не помина и незабележано.
Ова признание е уште една потврда за одличната форма во која се наоѓа македонскиот фудбалер оваа сезона, како и за неговата важна улога во составот на Наполи каде што во последниот период редовно игра во почетниот тим.


Leave a Reply