Отворена постапка против Шкендија – судиите добивале закани, а биле гаѓани и со предмети

by

in

Дисциплинската комисија при ФФМ отвори постапка против Шкендија поради инциденти на мечот со Пелистер.

Постапката е отворена поради слаба организација на натпреварот, откако кон судиите беа фрлани различни предмети, а исто така арбитрите добиваа и закани.

„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпер, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив“, соопшти ФФМ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *