Кошаркарската репрезентација на Македонија со многу важна гостинска победа од 78-70 против селекцијата на Азербејџан во претквалификациите за Евробаскет 2029.
Азербејџан ја доби првата четвртина со убедливи 28-19. До крајот на полувремето Македонија успеа благо да ја стабилизира играта, но на големиот одмор се замина со предност за домаќините од 44-37.
И во текот на третата четвртина Азербејџан постојано беше во предност се до завршната минута кога македонските репрезентативци за првпат поведоа со 56-58. Од тој момент нашите кошаркари го контролираа натпреварот до конечна победа.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Андреј Јакимовски кој постигна 22 поени, а на кои додаде 10 скокови.

Leave a Reply