Жиру во Белград научи и кој е Дарко Панчев (Видео)

Еден од ѕвездите на триумфот беше Оливие Жиру, кој го отвори резултатот уште на самиот старт во Белград. По натпреварот, францускиот напаѓач се прошета низ клупските простории и стигна до ѕидот полн со фотографии од златната генерација што го освои европскиот трофеј.

Жиру се задржа пред фотографиите, но окото му падна на славјето на Дарко Панчев, кој во пенал-серијата го постигна победничкиот гол во финалето на Купот на шампионите. Очигледно, македонската „кобра“ му беше непозната, па праша: „Кој е тој?“

Присутните го информираа дека станува збор за Дарко Панчев и му кажаа дека потоа Панчев заиграл и за Интер – градскиот ривал на Милан, клубот за кој тогаш настапуваше Жиру.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *