Миовски е помаѓу 20 најплатени фудбалери во Шкотска!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се најде во друштвото на најплатените фудбалери во шкотската елита, откако специјализираниот портал „GiveMeSport“ ја објави најновата листа со неделни примања во Премиерлигата.

Напаѓачот на Ренџерс заработува околу 25.000 фунти неделно, што го позиционира меѓу 12. и 17. место на рангирањето, во група фудбалери со идентична плата. Во истото друштво се и Лоренс Шанкленд од Хартс, неговиот клупски колега Недим Бајрами, како и двоецот на Селтик – Бенџамин Најгрен и Алистер Џонстон.

Очекувано, врвот на листата е резервиран речиси исклучиво за ѕвездите на двата гиганти од Глазгов, кои доминираат и на теренот и кога станува збор за финансиската моќ.

На самиот врв се искачи новото засилување на Селтик, Алекс Окслејд-Чемберлен, со неделна плата од 55.000 фунти. Англискиот интернационалец неодамна пристигна во клубот и веднаш го презеде приматот од тимскиот колега Киран Тирни, кој досега важеше за најплатен со 50.000 фунти неделно.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *