Познат составот: Берокал ги избра кошаркарите за дуелот со Луксембург

Селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварот против Луксембург во рамки на третото коло од претквалификациите за Евробаскет 2029.

На списокoт се најдоа: Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.

Дуелот меѓу Македонија и Луксембург ќе се одигра во спортската сала „Градски парк“ во Скопје на 27 февруари со почеток од 18:00 часот. Љубителите на кошарката ќе можат да го проследат натпреварот и во живо преку програмата на Македонска радио телевизија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *