Мбапе во опасност да го пропушти СП 2026!?

Француската ѕвезда Килијан Мбапе не сака да ризикува долга пауза и евентуално пропуштање на Светското првенство во 2026 година, пренесува угледниот француски весник Л’Екип.

Според нивниот извештај, напаѓачот е свесен дека настапувањето со повредено колено може сериозно да ја влоши состојбата и да предизвика подолг период надвор од терените. Медицинските лица предупредиле дека секој дополнителен напор во ваква ситуација носи ризик од потешка повреда, што би можело да значи и неколкумесечна пауза.

Со оглед на тоа што Светското првенство во 2026 година е еден од неговите главни приоритети, Мбапе не сака да преземе непотребен ризик. Тој е клучна алка во француската репрезентација и се очекува да биде лидер на тимот и на следниот мундијал.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *