Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елиминираше чешката Дукла Прага во осминафиналната фаза, а денеска го доби и противникот со кој ќе се соочи.

Ждрепката за четвртфиналната фаза се одржа во седиштето на ЕХФ во Виена, а таа сакаше Охрид да се соочи со грчки Олимпијакос. Македонскиот тим првиот меч ќе го игра како гостин во Пиреја, додека реваншот го одигра пред своите навивачи во Охрид, во обид за место во полуфиналето.

Ќе потсетиме, трофејот во ова натпреварување минатата година го освои Алкалоид.

Четвртфинални двојки во ЕХФ Купот се:

Татабања – Нилуфер

Целје – Бузау

Извиѓач – Карвина

Олимпијакос – Охрид


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *